Приватност

Политиката на Приватност на odgovori.mk е направена да ти помогне да разбереш како се собираат и употребуваат личните информации кои ќе одлучиш да ги споделиш и да ти помогне да направиш информиран избор при употреба на odgovori.mk.

Со употреба или пристапување на odgovori.mk ја прифаќаш оваа Политика на Приватност.

Кога се регистрираш на odgovori.mk, ти ни даваш одредени лични информации, како што се твоето име, твојата емаил адреса, твојот пол и останати лични информации.

Кога се најавуваш на odgovori.mk, ние собираме информации за твојот тип на пребарувач, и твојата IP адреса. Овие информации ги прибираме за сите наши корисници. Како дополнение, можеме да ти испратиме едно или повеќе колачиња (cookies) до твојот компјутер, кои уникатно го идентификуваат твојот интернет пребарувач.

Колаче (cookie) е податок складиран на корисничкиот компјутер во врска со информација за корисникот. Користиме колачиња за идентификација, а и да го олесниме најавувањето. Прибирањето на информации преку колачиња завршува кога корисникот ќе го затвори пребарувачот.

Лични податоци

Твоите лични податоци кои те идентификуваат како личност не се откриваат на трети лица.

При твоето користењето на odgovori.mk, ние не собираме никакви доверливи информации како кориснички имиња или лозинки, туку само информации кои се јавно објавени од тебе.

Сите информации кои се складираат од страна на серверот можат да бидат искористени само за потребите на нашата услугата и тоа на начин на кој твојата приватност нема да биде загрозена.

Твоите лични податоци за идентификација единствено можат да се откријат на законски овластени државни органи во согласност со Законот за лични податоци и други закони.

Безбедност

Odgovori.mk ќе се обиде на најдобар можен начин да ги заштити вашите лични информации, но со самото користење на нашата страница вие се согласувате дека нема да сметате дека odgovori.mk, сопствениците или уредниците се одговорни доколку таквите информации бидат украдени, загубени, објавени или случајно изменети и дека нема да преземате било какви правни мерки или да барате оштета.