Еве една колумна која викендов ја објави Филип Петровски во „Утрински Весник“. Ме интересира што мислите за неа, и дали навистина сметате дека сајтот кој е наведен е испартизиран ?
http://utrinski.com.mk/?ItemID=5D53E1F5E8BC084094D92B1A27AAC714
- 0

Пријави прашање
Одговори (1)
Ја прочитав колумната го видов и сајтот...
За тоа дали сајтот дава фингирани резултати не може никој со сигурност да тврди, сепак станува збор за релативно нов сајт и треба да помине време да се соберат повеќе гласови (без разлика за која политичка опција или личност) за таа тн. наречена статистичка грешка да се сведе на минимум, па тогаш можат да се изведуваат некои заклучоци (кои и тогаш би биле субјективни). Сепак симптоматичен е фактот кој вели дека во врвот на анкетите се Јанко-Јади Бурек, Миленко, Мирка Велиновска а пред сите нив Латас... тоа укажува само на едната страна. Сигурен сум дека многу од граѓаните на Македонија гледаат и Светла Точка со Оливера Трајковска или Зевзекманија на пример...
А на крајот би додал еден виц:
Груевски ќе ја укине Шехерезад! Зошто? Затоа што имала поголем рејтинг од него...

- 0






