Како да станам модератор на овој сајт ?
Од Braniac во Odgovori.mk - 24 мај 2010 во 13:11 - 749 прегледи
Која е процедурата ?
- -2

Пријави прашање
Одговори (21)
Процедура нема.
Доколку се процени дека треба да си, ќе те викнеме.
Али со такво однесување како што покажа, слабо...

- 0
hristijan jovanov 24 мај 2010 во 16:15
горјан како неможе браиниак да биде модератор КОГА ОН/А Е НАЈДОБАР/А НА САЈТОВ ПОДОБАР ОД ТЕБЕ!! даваше одговори на секое прашање БРАИНИАК ЗА МОДЕРАТОР! Горјан не биди ИДИОТ

- 0
Не е мое да одлучам, тоа е на админи. Ја си кажав што мислам.
Зачудувачки е тоа колку многу дечурлана има на сајтов :)

- -1
Asta La Vista 24 мај 2010 во 16:53
Горјан без навреда, ама одговорите на BЯAiNiAC најчесто се од многу поголема помош отколку твоите. Ти често и одговараш само како да пишеш нешто. Затоа и тој има повеќе поени, секогаш неговите одговори ги гласам за најдобри и му давам like, тоа носи полно поени ! BЯAiNiAC за модератор !!! :)

- 1
Да се стане модератор не зависи од тоа кој колку поени има. Горјан не стана модератор заради поените туку заради тоа што тој ги почитува правилата ,за разлика од BЯAiNiAC, кој исто така треба да го подобри своето однесување. И hristijan jovanov и Asta La Vista нема вие што да гласате, тоа не зависи од вас туку од администраторите.

- 0
и што ако стане модератор? какви измени ќе има? моменталниве админи/модератори не чинат?

- 0
Луѓе не го уништувајте форумов за банални работи што има врска дали си обичен член или модератор не се карајте за глупости.Поздрав од мене.

- 1
Тоа е всушност проблемот што овој сајт не е класичен форум каде што можеш да си го искажеш своето мислење па и што ако не е одговор, пази забрането било warez браво само вие борете се вие за мултимилијардни корпорации од кои нема да добиете ни едно благодарам а не па некаква корист и пазете да не банкротираат со тоа што јас ќе му пратам сериски број од некој програм или игра на некого. И мислам дека овој сајт го упропастија ова таканаречениве "модератори", со тоа што си бришат туѓи одговори што не им се свиѓаат, ти одземаат поени и свашта. И како капак на се уште те предупредуваат да внимаваш како се однесуваш, пази молим те еј, колку се само тие ментално надораснати од нас мислам дека треба да почнеме да им завидуваме :P
Затоа сега ќе се кандидирам за претседател а не за модератор па да им покажам јас на нив, кој е за мене и за она за што се залагам јас нека гласа за мене :)))
И за во иднина би било добро да воведете новини во сајтов или барем ставете да има некаков вид chat соба.
П.С НЕ ГО БРИШИ ОВА

- 1
цц напишав одговор и се укочи страната -.-
@braniac
се согласувам за чат рум или приватни пораки (кое и најверојатно ќе го има во иднина)
а за werez, пиратерија и недолично однесување не се согласувам. да се потрудиме бар овде да бидеме цивилизирани и од корист
пс. ова не е форум, а предноста му е што се добиваат кратки и квалитетни одговори на поставеното прашање без оф топик или пукање сеир.

- 0
BЯAiNiAC ако не ти се допаѓа начинот на кој ние се обидуваме да го водиме сајтот, слободно не го посетувај. Ако навистина сакаш да им помагаш ( а како што гледам по твоите поени - сакаш ) прави го тоа на вистинскиот начин.
Одговорите се бришат ако не се соодветни а поените се одземаат поради warez и сл., бидејќи ние колку и да предупредуваме некои продолжуваат по свое.
Инаку ако не сте приметиле приватните пораки се веќе воведени па таму можете да си праќате што сакате.
П.С. А во врска со забраната за warez тоа не зависи од нас туку повеќето web hosting компании го забрануваат тоа.
Доколку приметат дека на некој сајт се шири warez истиот ќе биде остранет од интернет.

- -1
Ајде ајде доста... целта на сајтов е да се помогa на нечии нејаснотии и прашања, а воедно и самиот на себе... Ништо не ти значи модераторство, твојата помош сепак ќе му значи на некого... :)

- 0
Yudhisthira 26 мај 2010 во 07:17
Ај не јадете бурек уше рано на сабајле. ;)
Брениак е доста добар во давањето одговори (прашање е дали е human?) и не е целата работа во поените и давањето одговори, дека е С++, паскал и други програмерски *биииип* (цензура :Р) кој се доста тешки за разибрање :]
зз

- 0
Yudhisthira одговориве се од пред 2 недели бре (и не беа од сабајле) :)
и го прочита ли разговорот? braniac е добар корисник но за модератор... не баш...

- 2
Yudhisthira 27 мај 2010 во 03:19
прашањето е поставено на 24ти мај, јас одговорим на 26ти мај. две недели? :D :D

- 0
Јас колку разбрав овој сајт има за задача да им помогнеме на луѓето кои бараат одговор на нешто, притоа да го искористиме навистина нашето искуство и знаење, многу лесно можеш да добиеш поени со пишување глупости, треба да се одговара на она што навистина го знаеш и можеш, администраторите на сајтот потполно ги подржувам бидејќи ако дозволат било што од горе наведеното освен што сајтот ке биде укинат можат да се соочат и со санкции, дали ке си модератор или не и не е толку важно, ти сепак можеш да бидеш од многу поголема корист ако со помош на твоето знаење и искуство им помагаш на луѓето што имаат потреба од тоа... ова е мое мислење поззз

- 1
















