Проблем со WiFi рутер
Од Daniel во Компјутери и интернет - 09 окт 2009 во 15:56 - 1709 прегледи
Имам проблем со поврзувањето на WiFi рутерот на интернет преку друг рутер кој треба да донесе интернет до него.
Кога сум поврзан дитектно на рутерот кој е закачен на интернет имам интернет, но кога сум поврзан преку WiFi рутерот немам интернет.
Еве слика за што станува збор:
http://twitpic.com/ktt62
- -1

Пријави прашање
Одговори (6)
На вториот ругер изгаси DHCP конфигурација, ако е уклучена ќе се меша со 1от.

- -2
Daniel Janev 09 окт 2009 во 19:16
проблемот е шо ви-фи рутерот и лаптопите ти се скоро исти, морало малце поразлични „слики“ да направиш :P
или друго решение да го извадиш рутерот...сеа све е безжично :)
или трето...епа нема трето :)

- -2
Tome Trajkov 09 окт 2009 во 20:03
Здраво, вака сега мислам дека имаш грешка во IP адресата на вториот рутер. Ако ти е ставена статичка IP адреса, треба да провериш кој опсег на IP адреси ти е сетиран на првиот рутер. Обично овој опсег по default e од 100 до 200, а гледам дека ти имаш 1 на вториот рутер. Мислам дека подобро да ја ставиш IP адресатата на вториот рутер да ти биде автоматска.
Ако евентуално ова не го реши проблемот, пиши нешто поспецифично (кој модел се рутерите) и сл.
Поздрав

- 0
Значи има мали измени во подесувањата а и напредување. :)
Го пингам рутерот што е закачен на интернет, добивам одговор од него, но интернетот не стига до компјутерот.
http://i208.photobucket.com/albums/bb85/delicon/ruter.jpg

- 0
Урнебес Хост 10 окт 2009 во 18:55
Значи вака.
Првиот рутер = А
вториот рутер = Б
Рутер А зема јавна ИП адреса но доделува приватна IP адреса 192.168.1.ххх
Рутер Б зема приватна IP адреса од Рутер А но несмее да дели адреса од истиот пул значи несмее да биде 192.168.1.хх туку треба да биде 192.168.10.ххх .
Воедно добро е данемстиш рутер Б да работи со статична IP aдреса односно ти мануелно да ја внесиш а на првиот рутер ва клучиш DMZ кон таа адреса.
Доколку не го корисниш може да го иззвадиш првиот рутер :).
Е сега ако не сака и така контактирај го твојот ISP mоже да имаат ставено лимит на hops односно уредите кој имаат пристап после модемот. Најчесто не ставаат лимит но може да се стави.

- 2
Сашо Андријески 11 окт 2009 во 00:16
Каков тип е WIFI рутерот? :) И како е поврзан обичниот рутер со WIFI рутерот, не ми е јасно од сликата.
На WIFI рутерот, во зависност од тоа каков е, би требало да има посебен порт (за кабел) на кој пишува "Internet" и посебен порт (или повеќе портови) за "Ethernet".
Во твојот случај, доволно е да го направиш wireless рутерот да работи како "switch", со тоа што обичниот рутер ќе го поврзеш со wireless рутерот преку обичен (Cat5 lan cable) во "ethernet" портата.
Тоа што ќе бидат на ист пул нема да биде никаков проблем. Најважно е gateway на PCто да ти е IPто од обичниот рутер (дали преку DHCP или manual settings, сеедно). Рутерот во случајов е само медиум за да се воспостави врската.

- 1











