Дали причина за скарување е љубомората???
Од sazdova во Љубов и секс - 02 јул 2010 во 12:23 - 536 прегледи
Па вака имам дечко со кој првиот пат одевме 4 месеци и се скаравме бидејки беше мн љубоморен по некое време се спорoстивме пак и тој ми вети дека ке се промени но ништо од тоа сега одиме година и пет месеци ама се мислам дека веке ке пукнам од неговата љубомора:оти сум го прифатила вој ној на фејзбук(а јас не му се лутам он што додава),па некој ми титна со непознат јас сум била крива оти сум го давала на секој бројот(а нов ми е само пет души ми го знаат),па да не сум седела со машки и триста др глупости а му немам дадено никаква причина да љубомори зошто го сакам и му имам простено неверство првите два месеца и после се јас можам пак да му верувам а ја што ништо му немам направено не ми верува:Sстварно незнам што да правам дали да се скарам или???за муабет имам правено мн пати ми ветува ке се сменам ке се сменам џабе е се:Sмногу ми е убаво со него и мн е добар ама без доверба не успева ниедна врска:(се плашам сега а не па ако имам сексуални односи ке биде уште повеке:S:S
- 0

Пријави прашање
Одговори (6)
Ваков проблем се среќава многу често, точно е тоа дека ниедна врска без доверба не успева, во ова како што опишавте тој веројатно ве сака премногу и животот не може да си го замисли без вас, а ваквото однесување го прави стравот во него дека може да ве изгби и дека он тоа никогаш не би можел да го поднесе, разговорот што треба да го направите со него не треба да биде долг туку кратот и јасен, треба едноставно да му кажете нешто како: "Јас морам да живејам и со мојата околина, неможеш да ме затвориш во златен кафез, никогаш не би ми паднало на памет да те изневерам со друг, но ако продолжиш со ваквото однесување сигурно е дека ќе ме изгубиш, бидејќи твојата љубов поминува во хронична опсесија" Пробај можеби ќе сфати но сепак разбери дека многу тешко се менуваат луѓето ПОЗДРАВ И СЕКОЕ ДОБРО

- 0
се воа му го имам кажано но како од едното увце да му влегува а од другото излегува..послениот пат се каравме кога му кажав дека сакам да се спростуам со една другарка и он одма па добро не ми се појавувај веке прет очи бидејки мисли дека ако бидам со нејзе ке го запоставам или скарам бидејки кога одевме прв пат повеке и посветував нејзе внимание отколку него и сега се ми даде нејке ни да ми праи муабет..:S:S:S

- 0
Во тој случај слободно кажиму добро веќе меѓу нас е готово, онака баш ладно и излези си во тој момент и исклучи го мобилниот.....верувај ми само така ке се смени и ке те моли да му се вратиш, а од кога наводно со тешко срце ке му се вратиш нема да смее ништо да ти префрли....ова 100% ќе делува, јас освен тоа што сум лекар јас сум и мушко и ова од тој аспект ти го кажувам....пробај само остро и решително без многу муабети...(јас знам дека го сакаш и не ти е се едно но ова е едини лек кој можеш да го направиш за да подцна продолжите среќно) ПОЗДРАВ

- 0
Антонио Ивановски 03 јул 2010 во 03:11
Ваквите партнери кои се љубоморни на други обично не се сигурни во себе. Па се плашат дека поради некој друг ќе го оставиш. Ајде во реалниот живот да ти замерва за постојаното дружење со машки (иако не оправдувам) ама со кој ќе бидиш пријател на фејсбук...

- 0
Ivo Varsakevski 07 јул 2010 во 21:36
Во една сериозна врска љубомората не ни треба да постои како таква.Значајна карактеристика на една долга сериозна врска е довербата.Доколку се нема доверба еден кон друг тогаш крајот на таа врска веќе е на повидок.

- 0
Never Mind 13 јул 2010 во 11:23
Тоа што ветува дека ќе се промени, сигурна сум дека и самиот е убеден во тоа и можеби навистина сака.Ама тоа е црта на карактерот и не може денес сум љубоморен, утре нема да чуствувам љубомора.Обично љубоморните луѓе се и такви, затоа што се плашат да не им биде направено тоа што тие го направиле на друг. Ете на пример изневерил и се плаши и очекува исто и од тебе.Мој совет- не ја одолговечувај врската непотребно, ако се сменувал, ќе се сменел по првото раскинување. Колку подолго си со него, толку преминува во навика и се потешко ќе ти биде да раскинеш...Сепак, ти си дел од врската и најдобро знаеш кое е решението ;)

- 0









