Помош во врска со аквариум
Од princess во Животни - 07 јул 2010 во 14:35 - 677 прегледи
Пред некое време направив аквариум, се е во ред, има и филтер за прочистување на водата, температурата е добра, водата чиста, но рибите ми пцовисуваат. Зошто? Како да ги спасам?
- 0

Пријави прашање
Одговори (6)
Ги храниш? :) Инаку треба да си земеш пумпа за кислород за да имаат воздух, а пожелно е и греач, треба и да им менуваш вода на одреден период, но новата вода која ќе ја ставиш во аквариумот треба претходно да ја оставиш да постои еден ден во некои шишиња на пример, да се прочисти... И немораш цела вода да ја менуваш, до пола доволно е доколку ти е голем аквариумот...

- 0
Ги хранам :) Изгледа тоа е работата-кислородот. Треба да им ставам пумпа од онаа што исфрла меурчиња а и рибите цело време стојат долу и не мрдаат

- 0
Игор Мишевски 08 јул 2010 во 11:35
Ако веќе имаш филтер пумпа, провери дали можеш да ставиш црево на излезот од пумпата. Ако можеш, стави му цревце, и извади го на површина да прави водоскок, со кој водата ќе се аерира. Јас така веќе со години ги чувам.
Добро решение е и да ставиш некоја трева, ако неможеш да купиш, зами од некоја чиста река.
Ако веќе неможеш да ги направиш горниве две работи, ти фали пумпа за аерирање.

- 0
Супер Одговор 10 јул 2010 во 00:44
оди во продавница за миленичиња и прашај ги таму они би требало да знаат

- 0










