marko markoski

Мислите дека ќе биде крај на светот?

  • Сподели:
  • Twitter
  • 0
  • Ми се допаѓа

Пријави прашање

Одговори (6)

Безименко Безпрезименко

Безименко Безпрезименко 07 сеп 2010 во 21:33

Нема шанси. Маите викаат дека некоја планета по име Нибиру ќе се судри со нас. Но таа планета уште не е во Сончевиот систем а камоли во 2012 (уште 2 години) да се судри со нас. На 21 декември 2012 може да се случат некои општествени и духовни промени, но да биде крај на светот нема теоретски шанси.

  • Ми се допаѓа
Dejan Markovski

Dejan Markovski 07 сеп 2010 во 21:50

@Bezimenko Остави НАСА што кажува...Нубиру веке се гледа според информациите што ги има на интернет,
се наоѓала рано насабајле на изгејсонце во правец на сонцето.

Можеби ќе биде крај на светот можеби не тоа ќе видиме....

  • Ми се допаѓа
Стефан

Стефан 07 сеп 2010 во 22:05

Бабини деветини ;) ни крај ни ништо :D не влегвајте...

  • Ми се допаѓа
Безименко Безпрезименко

Безименко Безпрезименко 07 сеп 2010 во 23:18

@Dejan НАСА со телескопи од 50 метри не може да ја пронајде а луѓе на утро ќе ја гледаат... Ако беше во Сончевиот систем ќе имаше многу промени

  • Ми се допаѓа
Безименко Безпрезименко

Безименко Безпрезименко 07 сеп 2010 во 23:19

Блокбастерот „2012“ ја разбранува јавноста до толкава мера што експерти на Си-ен-ен мораа да објаснуваат дека тоа е само филм со добри ефекти и дека нема врска со реалноста. Кај нас, пак, многумина што на шега, што сериозно во поплавите, одроните и во расцепувањето на патот кај Ѓавато видоа остварување на пророштвото од филмот - светот да доживее катаклизма по две години. Идејата на филмот е
преземена од верувањето на древниот народ Маи, кој живеел во денешно Мексико. Според нив, во 2012 година во близина на Земјата ќе помине планета со големина на Јупитер, која ќе предизвика изумирање на животот на Земјата.
Е, сега тело со големина на Јупитер, која е најмасивната планета во Сончевиот систем, многу би влијаело врз целокупниот Сончев систем. Покрај Сонцето, кое со својата маса ги држи планетите и другите тела (астероиди, комети, метеороиди) во орбита околу него, така и самите планети си дејствуваат гравитационо едни на други. Исфрлете ја, на пример, планетата Сатурн од Сончевиот систем и веднаш ќе настанат промени на патеките на сите други планети.
Наводната планета Нибиру би требало да помине низ Сончевиот систем во 2012 година, што е за многу краток период, гледано астрономски. Штом таа планета за две години треба да помине низ Сончевиот систем, таа веќе би се наоѓала во него. Ако планетата веќе е на пат кон Сончевиот систем, тогаш веќе ќе можеа да се почувствуваат и последиците од нејзиното приближување. Значи, под дејство на нејзината гравитација, планетите ќе почнеа да прават промени во своите патеки, ќе настанеше една конфузија
во целокупниот Сончев систем. Така што, не треба да чекаме до 2012 година за да ги почувствуваме тие последици. Бидете сигурни дека ако ова беше вистина, немаше да треба некој да ви каже дека нешто „големо“ ни се приближува, туку сами ќе забележевте дека нешто не е во ред со нашата планета.
Доколку Нибиру сега би била во близина на Сатурн, според нејзината големина и растојанието што го има, би значело дека секој од нас би ја видел како една ѕвезда на небото. Доколку сте имале можност да станете деновиве пред да изгрее Сонцето и сте погледнале кон Исток, сигурно сте ги виделе планетите Јупитер и Венера близу една до друга. Значи и Нибиру би се гледала како нив, но најверојатно со нешто помал сјај.
Нашава планета е убаво место и ние треба да бидеме исклучително среќни што се наоѓаме на неа, па затоа искористете го секој момент што ви е пружен и уживајте во него. Земјата ќе си биде сина и убава и ќе ни го нуди и понатаму овој прекрасен дом.

  • Ми се допаѓа
Dejan Markovski

Dejan Markovski 08 сеп 2010 во 09:53

@bezimenko
Kazi mi sto bi se desilo koga nasa bi odjavila deka Nubiru i se doblizuva na zemjata ?
Kako svetot bi reagiral.

  • Ми се допаѓа

Најави се и одговори на ова прашање