Зошто???

Од Бла Бла во Политика - 19 ное 2009 во 22:51 - 1302 прегледи

Бла Бла

ЗОШТО...
- Зошто воопшто да учам ако некои дипломираат со врски??? – ајде сите да не учиме воопшто...
- Зошто воопшто да плаќам струја, вода, телефон, превоз итн. кога некои не плаќаат воопшто??? – ајде сите да не плаќаме за тоа што го користиме...
- Зошто јас воошто да штедам енергија и ресурси, кога некои не штедат??? – ајде сите да не штедиме енергија и ресурси воопшто...
- Зошто јас да не фрлам ѓубре наоколу, кога некои фрлаат??? – ајде сите да фрламе ѓубре наоколу...
- Зошто јас да трчам повеќе кога играме фудбал, кога другите не трчаат толку??? – ајде сите да не трчаме воопшто...
- Зошто јас да внимавам на ограничување на брзина, кога некои не внимаваат??? – ајде сите да возиме брзо...
- Зошто јас да застанам на пешачки за да поминат пешаците, кога некои не застануваат??? – ајде сите да НЕ застануваме на пешачки...
- Зошто јас да го отстапам местото за седење во автобус на повозрасен, кога некои не го отстапуваат??? – ајде сите да не го отстапуваме местото воопшто...
- Зошто воопшто да се будам наутро, ако сонот ми е посладок од реалноста??? – ајде сите да останеме вечно заспани...
- Зошто јас да одам да садам дрвца, кога некои не одат да засадат??? – ајде сите да не одиме да засадиме воопшто...
- Зошто јас да одам да садам дрвца, кога некои од нив нема да пораснат??? – ајде сите да не одиме да садиме дрвца воопшто...
- Зошто да има компјутер за секое дете, ако некои ги кршат??? – ајде нека нема компјутер за ниедно дете...
- Зошто играме фудбал против една Англија кога е таа далеку помоќна??? – ајде да не играме фудбал воопшто...
- Зошто да тргнувам на пат, ако патот е многу долг??? – ајде воопшто да не тргнуваме на пат...
- Зошто да основам семејство, ако тоа толку голема одговорност??? – ајде сите воопшто да не основаме семејство...
- Зошто.......???

Што би било ако сите се откажеме од сето ова и многу други работи, само затоа што е тоа тешко и делува неизводливо??? Каде би бил светот денес воопшто??? Дали би можел јас воопшто да седам пред компјутер и да го пишувам сето ова ако сите се откажувале и не придонеле за да светот е оваков каков што е, па и со сите негови маани и несовршености??? Дали поради тие “аномалии”, треба да се откажеме од СЕ и за НИШТО да не се бориме???

Сега аналогно на сето ова се прашувам и:

Зошто да го менуваме името на нашата Татковина??? - ... некои велат “Па добро, тоа е само име, што ми е битно како ќе се викам ако во џебот секој момент носам барем 1 000 евра...”
Кој ти гарантира дека ти во џебот ќе носиш секој момент барем 1 000 евра??? Некој ги дава парите без притоа да има ќар за тоа што ти ги дал, без притоа да ти наплати “камата” (не е каматата секогаш само во пари...)???
Зошто тогаш ако е тоа “само име”, Грција прави СЕ и не бира средства и не се штеди во тоа да си го присвои тоа име за себе???
Името не е “само име”, името е и БРЕНД!!! Зошто многу компании фрлаат милијарди за да направат “име”, односно Бренд???
Зошто за ефтино да го продадеме, кога нашите предтци скапо, со многу големи и неизмерни жртви го бранеле??? Со какви ли не притисоци, закани и пресии се соочувале но сепак издржале и го задржале идентитетот, името, јазикот и верата!!! Зо какви закани и притисоци се соочуваме сега ние??? Дали се тие воопшто и приближни и споредливи со тие во минатото??? Каква е слободата која ја уживаме ние, во споредба со минатото??? Зарем оваа наша слобода е туку така подарена од некого??? Зарем нашиот народ, со своја крв не ја платил и преплатил???... Колку е сетоа тоа споредливо со овие сегашни маки, маки на оваа генерација??? Зарем нашите маки се поголеми???
Зарем да им кажеме на нашите дедовци дека самите тие, а и нивните татковци и дедовци, прадедовци итн “биле будали, глупави, непрактични, нерационални, нереални, премногу амбициозни и какви ли уште не”, што со крв и солзи се бореле под и за ова име, за овој наш јазик, нашата песна, оро... со еден збор ИДЕНТИТЕТ???...
Тоа што го знам е дека, секој човек кога ќе изгуби нешто, дури тогаш станува свесен за тоа што го имал, дури тогаш кога му недостига, дури тогаш ја разбира неговата вредност и ги чувстува последиците затоа што го нема повеќе... Дали ние знаеме и сме свесни што се имаме во моментов и што се можеме да изгубиме??? Дали ние доволно се бориме за да го задржиме тоа што го имаме??? Што се некој од нас направил во тој правец???
Искрено обидете се да си одговорите на овие прашања, а и на оние што не се запишани тука...

  • Сподели:
  • Twitter
  • 0
  • Ми се допаѓа

Пријави прашање

Најдобар одговор

sui

sui 20 ное 2009 во 09:37

..ednostavno bidi TI promenata shto sakas da ja vidish vo svetot(mahatma gandi), mozhe drugite ke gi sogledaat odgovorite vo tebe od site ovie postaveni prashanja... : )

  • Ми се допаѓа

Одговори (6)

Благој Капсаров

Благој Капсаров 20 ное 2009 во 13:31

Ако мислиш дека времето што го живееш ти се зголемува (за одговор на сите прашања што неможеш да ги решиш), се лажеш тебе (мене) времето ти се намалува односно одбројува и тоа значи дека треба да го живееш живото во полно светло... Пробај да се фокусираш на работите што ти одат од рака, не си го троши времето на работи што ти го трошат времето! Relax....

  • Ми се допаѓа
irena

irena 20 ное 2009 во 18:50

1000 зошто - 1000 затоа :)))))
Мирче фино што размисуваш така ама гледам дека премногу се замараш, дури допрва ќе ти се појават уште мноооогу ЗОШТО во животот . Кога нешто правиш и кога ке се прашаш ЗОШТО, одговорот е ЗА ДА НЕ БИДЕШ КАКО ТИЕ ШТО ГО БИРААТ ДРУГИОТ НАЧИН, ЗА ДА НЕ БИДЕШ КАКО ТИЕ КОИ ВООПШТО НЕ СЕ ПРАШУВААТ ЗОШТО, ЗАТОА ШТО ИМАШ ЧИСТА СОВЕСТ И МИРЕН СОН, ЗАТОA ШТО ЖИВОТОТ Е ТРКАЛО И ПОСТОЈАНО СЕ ВРТИ, ЗАТОА ШТО ИМА УШТЕ НЕКОЈ КОЈ НЕ ГЛЕДА ДУРИ И КОГА СМЕ САМИ.
Поздрав

  • Ми се допаѓа
Бла Бла

Бла Бла 20 ное 2009 во 23:20

Ви благодарам и за искрените совети кои се воедно и многу убаво кажани... Вистина е дека се чувствува "мала" напнатост во целиот текст (затоа што и јас сум се "напнал") и се согласувам дека не треба да е така од повеќе причини... но некогаш емоциите се посилни... Како и да е, ме радува што сочувстувате со мене, па ете дури и се обидувате да ми помогнете со по некој совет... :-)

Поздрав и секое добро!!!

  • Ми се допаѓа
Бла Бла

Бла Бла 20 ное 2009 во 23:33

Само, дозволете, можеби и малку погрешно ме толкувате... Мене не ми е проблем на пример да застанам на пешачки, не "плачам" затоа што јас морам да учам за да положам, а некој па и не мора затоа што имал "врски", да засадам дрвце и сл... НЕ, јас тоа и го правам, само сакам да пратам порака и до останатите, оние кои не го прават тоа, да размилсат и да замислат, што би било кога СИТЕ не би ги правеле споменатите како и многу други работи во таа насока... Сакам да кажам да ги охрабрам оние кои се колебаат дали да започнат нешто, да ги охрабрам сите кои се обидуваат да променат нешто, да не се откажуваат затоа што некои од нив се пасивни и да се откажат со оправданието "па џабе јас ќе се мачам, кога другиве не се заинтересирани"...

Има и една поговорка нели: "Ако сите пчели носеле мед, ќе тече сега по улициве..."

  • Ми се допаѓа
Сашо Андријески

Сашо Андријески 22 ное 2009 во 15:30

Секој има право на свој избор. Тоа што Ти ќе го направиш зависи од тебе, но се си има свои последици.
Значи, немора да застанеш на пешачки, можеш слободно да изгазиш рандом дедо и да живееш со последиците.

Неможат сите да бидат исти и тоа треба веќе да ти биде јасно.
Кога би било што би било, и кога *сите* би правеле тоа што мислат одреден процент од луѓето е само фантазија и никогаш нема да биде реалност. Научи да живееш со тоа :)

  • Ми се допаѓа
Благој Капсаров

Благој Капсаров 23 ное 2009 во 14:49

Зошто сме составени од јаглерод? http://kapsarovb.blog.com.mk/node/257083 еве една корисна приказна што се надевам дека ќе ти помогне...
Поздрав!

  • Ми се допаѓа

Најави се и одговори на ова прашање