Како е можно...???
Од Бла Бла во Политика - 19 ное 2009 во 22:59 - 1286 прегледи
КАКО Е МОЖНО???
- Како е можно “до вчера” во државава за СЕ да НЕМА ПАРИ, сега да има???
- Како е можно 2 децении да не се покачат плати и пензии, туку напротив да се намалуваат??? Затоа што ММФ не ни дозволува??? Како е можно сега ММФ да се надвор од земјава и самите да менаџираме со сопствените пари???
- Како е можно со години да не се распише тендер за 3 мобилен оператор (за фиксните да не зборувам...) затоа што “Македонија била премал пазар и немало да има заинтересирани понодувачи, па џабе ќе трошпиме средства за објавување на тендерот”, а сега да има 3 мобилен оператор кој при првиот ден од стартувањето со работа, цената на импулсот ја намили за 3 пати, од 24 ден на 7 ден??? Можеби некој профитиал дебело на штета на граѓаните за сето тоа, а???
- Како е можно со години наназад само да се затвораат веќе разработени бизниси и фабрики, а сега сепак има некои кои се отвараат???
- Како е можно до пред некоја година во државава да има само 2 државни универзитети, односно да нема ни еден во Источниот дел од Македонија, а сега да има??? Како може сега во скоро секој град да има факултет или диспрезирана настава од некои факултети, а порано не??? Зарем образование сега го измисливаме??? Колку студенти се запишуваа во Бугарија, затоа што немаше место во Македонија??? Што тоа значи за државата, сега а особено во иднина, со оглед на начинот на кој гледа на Македонија и официјалната и неофицијалната политика на Бугарија???
- Како е сега можно да има пари и за научни лаборатории за сите области и да бидеме можеби и единтвени во целиот регион со таквите лаборатории и опрема, а до вчера да имаме само некоја, за само неколку области и со децении стара опрема???
- Како дури сега има пари за нови канти за отпадоци, контејнери, камиони??? Зарем претходно стваравме ѓубре и отпадоци???
- Како е можно дури сега нашата армија да добие унифицирана, заверена и заштитена во сите релевантни организации, униформа, а да сме самостојна држава повеќе од 16 години???
- Како е можно 20 години да не се направи нова трибина и покрај тоа што скоро и да немало никаква на националниот стадион, а сега да се направи???
- Како е можно сега да има пари и за нови игралиша низ целата држава, нови спортски сали??? Зарем сега го измисливме и спортот???
- Како е можно до сега, скоро 18 години, да нема никаква стипендија или било каква достојна финансиска поддршка за сите истакнати наши спортисти (да не зборувам за оние кои допрва треба да се истакнуваат ида бележат успеси)??? Зарем тие не се бореа под знамето и името на оваа држава???
- Како е можно дури сега да има национална навивачка химна??? Зарем претходно не игравме национални натпревари???
- Како е можно со годинини наназад да нема никаква помош за земјоделецот, фармерот, селанецот, а сега да има???
- Како е можно сега да има и бесплатни учебници и бесплатен превоз за учениците???
- Како е можно сега да поефтини регистрацијата на моторни возила???
- Како е можно сега да поефтинат, патарините???
- Како е можно поранешниот претседател, премиер и што ли уште не, за сите мандати и толку години да има многу помалку официјални посети во други земји, а сегашниот за многу пократок период да има повеќе???
- Како е можно толку години да не се вложат напори, земјава да има СВОИ претставништа, конзултати и амбасади во многу земји во светот, туку истите постојано да се под кирија??? А сега и за тоа да има пари и политичка воља???
- Како е можно во тие амбасади, Македонците од дијаспората да не можат да најдат, па макар и за пари да купат ЗНАМЕ од Р.Македонија???
- Како е можно до сега низ цела држава, да нема Македонско знаме, освен за празници, а сега да има секаде и секој ден???
- Како е можно сега да има пари, како КОНТИНУИРАНА + еднократна финансиска помош, за секоја мајка која ќе роди 3-то и 4-то дете???
- Како е можно дури сега да се направат видео спотови за туристичка афирмација на земјата во странство??? Како е можно истите да бидат осудувани???
- Како е можно сега да рекламни спотови за афирмација на државата како бизнис дестинација??? Како е можно и тоа да се осудува??? Дали некој од овие “судии” ја осудува на пример Кока-Кола затоа што се рекламира и троши огромни средства за тоа??? Дали истите ги осудуваат и рекламите за цигари???
- Како е можно дури сега да има акции за пошумување???
- Како е можно до сега да не се празнувал 24 Мај, денот на нашите просветители, Кирил и Методиј???
- Како е можно сега да имаме помал данок за компјутери???
- Како е можно сега да има бесплатни курсеви за компјутери?
- Како е можно дури сега да има официјални македоснки фонтови??? А тука, самите запрашајте се и Зошто да немаме навика да пишуваме кирилица???
- Како е можно, до сега да се велело, “не зависи од нас”, а сега да се вели “ТИ си Македонија, од тебе зависи”??? Како е можно некој и тоа да го осудува???
- Како е можно сега да има здравствено осигурување за секого???
- Како е можно сега да има Бруто-плата и секој да биде пријавен??? Зарем пензиското и здравственото осигурување сега го воведовме???
- Како е можно скоро 2 децении во државава да нема нови противпожарни возила, да не зборувам за авиони, а сега да има???
- Како е можно со години да не се инвестира и вложува во археолошки наоѓалишта и локалитети, туку дури сега посериозно да се почнува сето тоа??? Како е можно истите “судии”, да го осудуваат и тоа???
- Како е можно да имам 23 години, а едвај да знам десетина македоснки револуционери, војсководци и кралеви??? Како е можно на училиште, во време на самостојна Република Македонија, тоа да не ми го кажат и да ме научат???
- Како е можно дури сега, на нашите иселеници од Австралија и Канада да им се овозможи својата Канадска или Австраликса пензија и плата да може да си ја земат во Македонија??? Тоа нели е еден фундаментален предуслов, за тие Македонци да се вратат во татковината???
- Како е можно оваа транзиција да трае предолго??? Како е можно за цела моја генерација, транзиционата состојба да е нормална???...
Ех, како е можно...??? – запрашајте се и ВИЕ!!!
- -1

Пријави прашање
Одговори (13)
Благој, не е муабетот за агонија, напротив, за оптимизам во контекст ...ако се до сега не можело, еве има бројни примери дека сепак можело...
Се надевам ме разбирате...

- 0
Ех, Томе, зарем ако сум студент на ЕТФ (или ФЕИТ - да не се налути некој... :-)) треба да сум "слеп" и рамнодушен на сите овие прашања???... па и тие прашања не се "само гола политика", тоа е и реален и секојдневен живот, реални е секојдневни проблеми...
Но ОК, секој со својата перцепција...
Поздрав и секое добро!!!

- 0
Југослав Арсовски 22 дек 2009 во 10:48
Ова не е за овде Мирче. Ова е скоро па политичка кампања. Ама ајде да ти одговорам, онака како што ти веќе преудицираше:
- Може, зашто сега во Позиција е ВМРО а порано беше СДСМ
Макар, да не ги гледам тие фабрики никаде али нека ти биде. Благодарам и на репликата, која следи. Поздрав

- 1
Pino Silvestre 17 јан 2010 во 17:13
Da toa e odgovorot koj on go barase.
No dali e taka samo vvremeto znae.

- 0
Nikola Ilievski 14 фев 2010 во 03:54
Nikolce Gruevski i se e mozno, koga zemjata tone vo bezdna, covekot se sunca na planina.

- 0
Мене тука ме мрзе да го прочитам тоа со си го пишал рефератите непа да ти одговорам на прасањето хехе

- -1
Ангелина Јанчева Димитровска 03 фев 2011 во 12:00
А како е можно,законот за трансформација на земјиште,да се тумачи различно.....некој треба да има еден куп документи за да си го врати одземеното земјиште,како на пр.тапија,доказ за сопственост и елаборат од приватен геодет и сите други документи,како изводи од катастар,дуп од општина,оставинска од баба ми на татко ми,па од татко ми на мене,а некои само имотен лист и оставинска...епа има ли правда? Се работи за исти случај,две сестри оставаат имот,кој е стекнат по пат на наследство, и сега фамилијата на едната сестра треба да ги вади сите документи,посебно елаборат,а другата фамилија на другата сестра,само имотен лист и оставинска!!!!!!!!!!! Напоменувам дека трансформацијата се одвива во иста општина....некој ми рече,дека секоја општина различно го тумачи законот....имотите се на 20м.одалеченост.Е сега се прашувам епилогот дали ќе биде ист? Македонија и се е можно.....!!!!!

- 0
Pece Zdravkovski 28 јул 2011 во 14:23
Поради вакви еднонасочни идиоти, нема никогаш да функционира нашата држава. Мислам која држава, од Велес до Битола, од Битола до Струмица и од Струмица до Крива Паланка ? Тоа е Македонија, другото е Албанија свестете се малку, кој му даде права на Албанците ? Кој ќе му оди по газот сега со новоформираната влада ? Грујо без Ахмети нема да можи ниту 1 закон да донеси. Стварно живееме со слепи дебили, срам ми е од македонштинава.

- 0
Г-дине "двонасочен - двоцефка" Пеце Здравковски, ако ти е срам од Македонштината и од луѓето кои те опкружуваат, слободно замини си таму каде што ќе се чувствуваш горд (ако воопшто и знаеш што е тоа гордост) и не се пали ко млад мајмун кога ќе прочиташ нечиј текст. Имаш право на своја критика, но не и да навредуваш, затоа што како и се во животот и тоа се враќа со реципроцитет.

- 0
Pece Zdravkovski 07 ное 2011 во 23:44
Ако и ти размислиш малку, можеби ќе сфатиш дека за 20 години ништо не направивме. Погледни малку каде е светот, а каде сме ние. Тоа е се што имам да ти речам, двоцефке моја.

- 0











