Услови за користење

Со самата посета на овој портал, вие без никакви ограничувања, се согласувате со условите на користење и на уредниците на odgovori.mk им отстапувате целосни права да ги менуваат условите.

Приватност

Полисата на Приватност е направена да ви помогне да разберете како се собираат и употребуваат личните информации кои ќе одлучите да ги споделите на odgovori.mk.

Безбедност

Odgovori.mk ќе се обиде на најдобар можен начин да ги заштити вашите лични информации, но со самото користење на нашата страница вие се согласувате дека нема да сметате дека odgovori.mk, сопствениците или уредниците се одговорни доколку таквите информации бидат украдени, загубени, објавени или случајно изменети и дека нема да преземате било какви правни мерки или да барате оштета.

Ние даваме се од себе да ја зачуваме odgovori.mk безбедна, но не можеме да го гарантираме тоа. Потребна ни е вашата помош да го направиме тоа, а таа се состои од:

  1. Вие нема да барате информации за најава или пристап кои припаѓаат на другите корисници.
  2. Вие нема да злоупотребувате, заплашувате или вознемирувате друг корисник.
  3. Вие нема да поставувате материјал кој е заканувачки или буди омраза.
  4. Вие нема да ја користите odgovori.mk за да направите ништо незаконито, дискриминирачко и сл.
  5. Вие нема да охрабрувате никакво кршење на правилата на оваа полиса.
  6. Вие нема да испраќате недозволени комерцијални комуникации на корисниците (како спам).
  7. Вие сте целосно одговорни за сите содржини испратени на odgovori.mk од вас, приватно или јавно.

Регистрација и безбедност на профилот

Odgovori.mk им овозможува на своите корисници употреба на нивните вистински имиња и информации и за да продолжиме така потребна ни е ваша помош.

  1. Вие нема да поставувате никакви лажни информации на odgovori.mk или да креирате профил за некого без негова дозвола.
  2. Вие нема да ја користите odgovori.mk ако имате помалку од 13 години.
  3. Вие нема да ја давате вашата лозинка на никого, нема да дозволите некој друг да го користи вашето членство или нешто друго што може да ја загрози безбедноста на твоето членство.
  4. Вие нема да го префрлате вашето членство на друго лице без претходно да побарате наша дозвола.
  5. Вие преземате целоснa одговорност за интегритетот на вашето корисничко име и лозинка. Доколку забележите нешто сомнително во врска со нив, ве молиме во најкраток можен рок да нè известите за тоа.

Заштитување на правата на останатите

Ние ги почитуваме правата на луѓето и очекуваме вие да го правите истото.

  1. Вие нема да поставувате никаква содржина на odgovori.mk која ги нарушува правата на останатите членови или на друг начин го прекршува законот.
  2. Ние можеме да ја отстраниме секоја содржина на odgovori.mk ако сметаме дека ги нарушува правилата.
  3. Ако сметаме дека има потреба ќе ви бидат одземени или додадени одреден број на поени.
  4. Ако постојано ги нарушувате правилата или правата на другите луѓе, ние ќе го отстраниме вашето членство кога ќе сметаме дека тоа е потребно.
  5. Вие нема да ги користите нашите авторски права или заштитни знаци без пишана дозвола.
  6. Вие нема да поставувате документи за идентификација или финансиски информации на odgovori.mk
  7. Содржината од корисниците е под лиценцата Creative Commons Наведи извор 2.5.

Прекинување на вашето членство

Ако ги прекршите правилата на оваа полиса, или на некој друг начин ја доведете во опасност odgovori.mk ќе бидат преземени соодветни правни мерки и вашето членство ќе биде прекинато. Ние ќе се обидеме да ве предупредиме иако немаме обврска да го направиме тоа.