Водич низ сајтот

Што е odgovori.mk?

Odgovori.mk е веб страна каде можеш да поставиш прашање, да одговориш и да водиш дискусија за прашањата и одговорите со останатите членови. Ако си веќе регистриран и најавен, спремен си да ни се придружиш.

Како да поставам добро прашање?

Како прво, провери дали прашањето е веќе поставено! Пребарувај со неколку клучни зборови во врска со твоето прашање за да можеш да дознаш дали е веќе поставено. Ако не е, кликни на Прашај и внеси го твоето прашање.

Прашањата кои ќе наликуваат на форумски прашања ќе бидат отстранети.

Прашањата треба да бидат јасни и прецизни и изразени во форма на прашање, иако изјавите со прашања и објаснети реченици се дозволени. Насловите на прашањата се лимитирани на 110 карактери. Најдобрата шанса за членовите да го видат и да одговорат на твоето прашање е доколку прашањето се наоѓа во соодветната категорија и е напишано правилно и на кирилица.

Сите прашања на кои насловот нема да им биде јасен и прецизен ќе бидат отстранети без разлика на содржината.

Како да дадам добар одговор?

Одговорите треба да се однесуваат на поставените прашања и да не ги нарушуваат правилата. Најважните работи на кои треба да внимаваш е одговорот да биде разбирлив, да бидеш учтив и полн со обзири кон другите членови и да не додаваш линкови или содржини кои можат да се протолкуваат како спам.

Откако ќе одговориш на некое прашање ќе добиеш 1 поен, а твојот одговор ќе биде додаден на дното на листата со одговори, но може да се најде и горе на листата зависно од тоа колку поени ќе добие.

Што се поените на odgovori.mk?

Поените се само начин преку кој членовите кои поставиле добри прашања и одговори ќе се издвојуваат од останатите. На овој начин, најдобрите прашања и одговори, кои ќе бидат изгласени од останатие членови на odgovori.mk – без разлика дали се интересни, корисни, смешни, ќе можат да се најдат на врвот на листата со резултати.

Зошто да ги пријавувам прашањата и одговорите?

За да ја одржиме страната колку што е можно почиста и покорисна.
Спојувањето на прашања и одговори кои ги има повеќе пати, преместувањето на прашања во соодветна категорија и отстранувањето на несоодветна содржина создава подобро искуство за сите нас, а ти можеш да добиеш 3 поени со секое твое пријавување кое ќе биде прифатено од нашите модератори. Сепак внимавај, ако пријавиш премногу прашања кои се неозбилни можеш да изгубиш поени или во некои случаи можеш да бидеш суспендиран.

Како да ги пријавувам прашањата или одговорите?

Со кликање на „Пријави го ова прашање“ или „Пријави го овој одговор“ ќе се појави додатно мени со неколку опции. Можеш да го пријавиш прашањето како Дупликат, Спам/Навредливо, Бесмислено, Погрешна категорија или Warez.

Што се смета за спам?

Пријавувањата како спам обично се одобрени кога е очигледно дека некој се обидува да промовира производ или веб страна со поставување на прашање или одговор. Ако веб страната е поставена во врска со вистинско прашање, пријавувањето ќе биде отфрлено и прашањето ќе остане активно. Исто така, доколку некој одговор содржи веб страна и е директно поврзана со прашањето, но ако истиот линк го има повеќе пати, одговорот ќе се смета како спам и истиот ќе биде отстранет.

Што се смета за навредливо?

Генерално, се што не би било прикажано на националните телевизии. Ова вклучува се што поставувате на сајтот: прашања, одговори, коментари, информации на профилот, линкови, кориснички имиња и слики. Иако ги охрабруваме нашите членови да се изразуваат слободно, прашањата на odgovori.mk треба да бидат соодветни за корисници над 13 години. Контекстот на прашањето и категоријате се важни фактори. Некои прашања кои можат да се сметат за навредливи во една категорија, би можеле да бидат соодветни за друга.

Некогаш мислењата можат да се сметат за навредливи и некои прашања имаат намера да го предизвикат начинот на размислување на други луѓе. Ние сме наклонети да винмаваме на цензурирање на вакви типови на прашања. Покрај големата цел од зачувување на корисната и хармонична содржина, сметаме дека секој човек има право да го искаже своето мислење и откривме дека со дозволувањето на прашања кои можат да се сметат за навредливи може да доведе до многу информативна дискусија за тоа зошто прашањето е или не е навредливо.

Што се смета за дупликат?

Кога две прашања се поставени со цел да се добие идентична информација. Како и да е, ние сакаме да имаме единствени прашања, па пријавените како дупликат ќе бидат прифатени само доколку прашањата се сосема исти. Кога едно прашање прашува за твојот омилен пијалок, а друго за твојот омилен пијалок во лето, двете прашања не се сметаат за дупликат.

Што се смета за бесмислено?

Пријавувањата како безмислени се прифаќаат само ако не е дефинирано прашањето, не е наведен проблемот или барањето за информација. Ова обично значи дека работите како „акјдхн глмтаргн“ можат да се пријават како бесмислени и пријавувањето ќе биде прифатено. Додека прашање како „Во кој период од годината жирафите можат да јадат сладолед?“ може да изгледа бесмислено, но тоа е сепак прашање кои може да доведе до интересни одговори.

Кога се смета дека прашањето е во погрешна категорија?

Прашањата можат да бидат поставени во само една категорија. Пријавувањата за погрешна категорија ќе бидат прифатени ако предложуваат преместување на прашањето во соодветната категорија. Пријавувањата пак кои не предложуваат преместување во друга одредена категорија нема да бидат прифатени.

Последна промена: 23.02.2011